Ние сме PetPals и постоиме од 2022 година . Имаме за цел да го смениме начинот на грижа за животните во градот , и пошироко.
Нашата мисија е да го подобриме животот на животните во нашата заедница преку едукација, застапување и поддршка.
Ние ја разбираме посебната врска што постои помеѓу луѓето и домашните миленичиња , и се стремиме уште повеќе да ја зајакнеме преку обезбедување ресурси и услуги кои промовираат одговорно поседување миленичиња. Веруваме дека со заедничка работа, можеме да создадеме подобар свет за миленичињата и луѓето коишто ги сакаат.
Горди сме на фактот што сме непрофитна организација и се потпираме на поддршката од нашата заедница за да продолжиме со нашата работа. Благодарни сме им на волонтерите, донациите и спонзорствата кои ни помагаат да имаме позитивно влијание врз животот на животните.
Ви благодариме што ја посетивте нашата веб-страна и што покажавте интерес за нашата организација. Со нетрпение очекуваме да работиме со вас за да направиме разлика.
Доколу сакате да се вклучите или да дознаете повеќе за нашата организација, исконтанктирајте не тука или на нашите социјални мрежи . Ќе бидеме среќни да одговориме на сите прашања што ги имате.
Ви благодариме,
PetPals